Времето денес ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено во Повардарието.
Максималната температурата ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.
Како што соопштуваат од УХМР, утре попладне и во сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд.
В недела ќе има преодно стабилизирање, а во почетокот на наредната седмица локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.