| четврток, 6 декември 2018 |

Кина предупредува дека се зголемува севернокорејскиот нуклеарен арсенал

Кинеските нуклеарни експерти веруваат дека Северна Кореја е можно да има поголем нуклеарен арсенал од 20 боеви глави и капацитет за двојно зголемување на збогатениот ураниум до крајот на следната година, објави денеска „Волстрит џурнал“.

Весникот наведува дека оваа процена е многу поголема од претходно познатите кинески процени.

– Процената ја одразува сѐ поголемата загриженост на Пекинг поради нуклеарните амбиции на Пјонгјанг и е последна во серијата процени на експертите кои сугерираат дека севернокорејскиот нуклеарен арсенал се одвива побрзо отколку што се претпоставуваше – истакнува „Волстрит џурнал“.

Во неодамнешниот извештај на американските истражувачи се предупредува дека Северна Кореја е подготвена да го прошири својот нуклеарен арсенал во следните пет години и според најлошото сценарио Пјонгјанг може да поседува 100 парчиња атомско оружје до 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top