| четврток, 6 декември 2018 |

Мајмуни заболени од ебола излекувани со експериментален лек

web_vaccin ebola--672x359

Експериментален лек излекувал мајмуни заразени со вирусот на ебола, соопштија научници од САД.

Третманот е познат како ТКМ-ебола-Гвинеја. Трите мајмуни што го примиле лекот оздравеле кога завршило лекувањето, кое траело 28 дена. Три мајмуни што не се лекувани умреле за девет дена.

Научниците истакнале дека овие лекови не се тестирани на луѓе. До сега немало лекови ниту вакцини за ебола што се успешни во лекувањето на луѓето.

– Ова е прво истражување што покажува заштита против новиот вирус на ебола – изјави научникот од Тексас, Томас Гизберт.

Резултатите од тестирањето на луѓето се очекуваат во средината на оваа година.

Од март 2014 година повеќе од 10.602 лица починаа од ебола во Либерија, Гвинеја, Сиера Леоне, Нигерија, САД и во Мали. Ова е најсмртоносна епидемија од откривање на еболата во 1976 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top