| четврток, 6 декември 2018 |

Викенд создаден за прошетка во природа

prolet-1

Деновите од претстојниот, последен априлски викенд ќе поминат во релативно топло време. Утрата ќе бидат свежи, но со минимална температура, која ќе има позитивна вредност насекаде низ земјава. Според „Метеопро“ дневната максимална температура во сабота ќе има вредност околу 20 Целзиусови степени во поголем дел од котлините низ земјата. До 25 Целзиусови степени ќе биде во повардарскиот крај. В недела нè очекува уште потопло време.

Наутро и претпладне в сабота ќе биде малку пооблачно во северната половина од земјата. Во овој крај ќе има и услови за локален краткотраен и многу слаб дожд. Попладнето облачноста ќе се намали и не се очекуваат врнежи. Врнежи во недела нема да има.

Подетално на „Метеопро“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top