| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Што поскоро да почне судската постапка за прислушувањето

pandov
Правосудните органи, обвинителството уште повеќе да ја сфатат тежината и сценариото што сакаат овие бандити да го направат во Република Македонија и што поскоро да почне таа судска постапка и Зоран Заев и тие што учествувале во тоа сценарио да бидат сместени во институциите во кои треба да бидат сместени, истакна политичкиот аналитичар Александар Пандов во вестите на „Алфа“. Тој додаде дека не само што се пресликува сценариото, туку и зачудува моментот како сите чекори се движат во идентично време, како што се случуваа и во 2001 година.

-И тогаш почеток на целата афера беше „Големото уво“ и сега истото тоа е направено, но актерите се поинакви. Луѓето од МВР што прислушувале, имињата им се идентични и во 2001 година и сега, структурите што медиумски ги поддржуваат – и тогаш беше Сорос и сега е Сорос. Целта нивна да ја дестабилизираат безбедносната структура на Македонија се случува сега. Гледаме дека најнападнати луѓе во моментов се министерката за внатрешни работи и директорот на Упрвата за безбедност и за контраразузнавање. Нападнат е правосудиот систем, негирани се сите институции, со самото тоа да се ослабне државата и нејзиниот безбедносен систем, а воедно се прави медиумска поддршка за поделба меѓу населението, да се направи расцеп меѓу него – вели аналитичарот Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top