Филип Петровски во своето гостување во „Дневник плус“ на „Канал 5“ тврди дека објавувањето на таканаречените бомби од страна на лидерот на опозицијата Зоран Заев не може да значи дека токму Заев ќе дојде на власт. Тој смета дека целата ситуација ќе резултира со заминување на Заев во затвор и тоа од две причини: Прво, поради тоа што не му дава никој право, законско, да поседува туѓи разговори, и второ: објавувањето на туѓи разговори е исто така кривично дело.
Петровски вели дека Заев се става во позиција на врховен субјект надвор од правниот систем.
-Веројатно затоа сега инсистрираат на политичка разрешница, затоа што тие сметаа дека со тие разговори ќе дојде до немири и себе ќе се самоинсталираат на власт. Сега веќе правниот систем полека се затвора и нив веќе ги фаќа паника. Токму затоа мислам дека ќе ескалираат работите водени директно до Заев, посочи Петровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст