| четврток, 6 декември 2018 |

Словенечките лекари одржаа едночасовен штрајк

лекар

Словенечките лекари вработени во јавното здравство одржаа изутрината едночасовен штрајк, кој не предизвика поголем застој во здравствените установи, но за 28 мај најавија нов, целодневен штрајк, доколку не се исполант нивните барања за зголемување на платите и подобрување на условите за работа.

– Немаме цел да им наштетиме на пациентите, туку сакаме да ја предупредиме Владата дека мора да не третира како сериозен партнер- изјави претседателот на лекарскиот синдикат Фидес, Конрад Куштрин.

Владата штрајкот го оцени како непотребен и како притисок за зголемување на нивните плати, за што, како што посочи, не постои можност во буџетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top