Во Македонија во утринските часови ке има услови за појава на слаб мраз поради ниските утрински температури кои ке се движат од -2°C до 4°C. Во текот на денот ке биде претежно сончево и ветровито. Ке дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ке дува северозападен и западен ветер. Максималните дневни температури ке се движат од 9°C до 17°C.
Во Скопје во сабота по студеното утро во текот на денот ке биде сончево и ветровито. Ке дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 1°C, а максималната дневна температура ке достигне до 14°C.
Во недела ке биде умерено облачно со сончеви периоди и потопло. Кон крајот на денот наоблачување. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели умерен јужен и југозападен ветер. Утринските температури ке се движат од 0°C до 6°C, а максималните дневни температури ке се движат од 9°C до 17°C.
Во Македонија во понеделник ке биде облачно со слаби врнежи од дожд и ветровито. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветер кој ке достигнува брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ке се движат од 1°C до 8°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 7°C односно до 15°C.
Облачно со врнежи од дожд и ветровито ке биде и во вторник. Ке дува умерен променлив ветер, а во западните предели ке дува засилен јужен и југозападен ветер. Утринските температури од 3°C до 10°C, а максималните дневни температури ке се движат од 8°C до 16°C.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.