Денеска, 22 април е Меѓународен ден на планетата Земја и ќе биде одбележан со различни манифестации со цел да се привлече вниманието на граѓаните за значењето од чување на природата и спречување на негативните последици по животната средина.
Целта на одбележување на овој датум е предупредување на опасноста која ѝ се заканува на Земјата, екосистемите и урбаните зони паралелено се развојот на индустријата, зголемената потрошувачка на енергијата, глобалното затоплување и климатски промени.
Ризикот да се остварат најцрните прогнози поврзани со температурните промени е огромен. Кога тоа би го игнорирале, тоа е исто како кога би толерирале ризик од летање во период кога се случуваат 10 илјади фатални авионски несреќи дневно, велат научниците, по повод Меѓународниот ден на планетата Земја.
Стручњаците составиле список на активности кои се потребни да се усвојат на состанокот на Обединети нации (ОН) во Париз, во декември, со цел да запрат климатските промени.
Научниците пресметале дека светот веќе се загреал во просек за околу 0,85 степени Целзиусови во последните 120 години и дека понатамошнто загревање за уште два степени претставува горна граница по која ни се закануваат најлошите сценарија. На нив не предупредуваат неколку години.
„Треба да се трудите да останеме под два степени Целзиусови. Глобалното затоплување може да создаде незамисливи проблеми во животната средина. Ако сега не реагираме, шансите се едно спредма 10 дека просечната температура ќе порасне за шест степени до 2100 година“, пишува во соопштението.
Истражувачите, меѓу кои се и економистите Џефри Сакс и Лорд Стерн, како и реномираните климатолози од Европа, Бразил и Индија, предупредуваат дека светот има се помалку време да ги спроведе мерките со кои фосилните горива ќе ги заменуваат чистите и одржливи извори на енергија.
Оваа година можеби е една од најпресудните во модерната човечка историја, кога станува збор за создавање услови за благосостојба на луѓето.
– Уште има простор, но тој е мал. Уште имаме шанса да ја направиме климата стабилна, а одлуките кои ќе ги донесеме во 2015 година се клучни – вели Џон Рокстром од центарот во Стокхолм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст