| четврток, 6 декември 2018 |

На Русија ѝ одговара укинување на санкциите кон Иран

Евентуалното брзо укинување на санкциите против Иран целосно ќе им одговара на интересите на Русија и ќе биде корисно за билатералните економски односи, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

– Иран е стар партнер на Русија. Во основата на нашите односи е традицијата на пријателство и добрососедство. Веруваме дека намалувањето на тензиите околу Иран ќе биде корисно за меѓусебните трговско-економски односи и согласно со тоа ќе има многу поволности за Русија – истакна Лавров, одговарајќи на прашањето зошто Москва му помага на Техеран да се спаси од санкциите, доколку тоа придонесе за пад на цената на нафтата и биде неповолно.

Шефот на руската дипломатија нагласи дека не постојат никакви забрани од Советот за безбедност на ОН за извоз на иранска нафта и гас и дека „Техеран и сега им продава на државите кои не се плашат од западните рестрикции, а и на оние кои успеале да се договорат со Вашингтон“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top