| четврток, 6 декември 2018 |

Вистинска пролет до крајот на април

Proletni fotografii (22)
Релативно добро време не очекува до крајот на овој месец. Според МЕТЕОПРО уште во четврток наутро се очекува утрото да биде малку свежо, со минимална температура околу 0°С на повисоките места и околу 3°С низ поголем дел од котлините. Потоа следува период во кој утрата ќе бидат потопли, без негативни минимални вредности.

Пораст се очекува и на максималната температура, со тоа што порастот ќе биде постепен и ќе трае барем до вторник, 28 април. Максималните вредности на температурата во петок ќе бидат во дијапазонот од 17°С до 22°С, од сабота до понеделник од 18°С до 24°, додека од вторник до петок ќе биде малку потопло, со максимална температута која низ земјава ќе биде во дијапазонот од 20°С до 26°С.
Врнежите кои се очекуваат во овој период би биле од сосема слаб карактер и ќе бидат локални и повремени.
Повеќе на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top