Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп–Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола, информираат од АМСМ.
Од АД Бетон известуваат дека поради изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, делницата од брана Маврово до с. Маврово е затворена за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца.
Сообраќајот за лесни возила се одвива по постоечка девијација согласно сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај одобрен од Министерство за Транспорт и Врски.
Сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси може да се одвива преку с. Леуново.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај с.Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
На регионалниот пат Гевгелија – локалитет “Смрдлива вода” во м.в. “Длабок дол”, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.
На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена езабрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с.Просениково – с.Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.
На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај с. Киселица собраќајот се одвива со ограничена брзина од 30км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50метри. Поставена е содветна сигнализација.
Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец с.Дурачка река – с.Дренак во должина од 7 км.
На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 метри и поставени се знаци за предупредување.
На патниот правец Лакавица – Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200м. на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено.
Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст