„Сега има уште некој на кој не му е јасно зошто ми беше забранета емисијата на Алсат-М?“ праша новинаропт Васко Ефтов кој што заедно со неговиот проект „Во центар“ му беше прекинат договорот за работа, а емисијата не се емитуваше.
Всушност се работеше за емисија во која се анализираше како американската ЦИА ја подготвувала УЧК.
Ефтов за оваа емисија во најавата на интернет напиша дека „иако станува збор за емисија посветена на НАТО интервенцијата на Косово, во основа станува збор за анализа на стратегијата како големите служби прават дестабилизација или основа за воен конфликт на една територија. Има се, и обуки и шифрирани пораки, и сателитски телефони и предавства во тајните служби“.
Сега Ефтов, по случувањето во Гошинце додава„ Зошто не ми верувавте се што ви кажував? Ќе ме извинете но вие не можете да се амнестирате од поддршката на една промашена стратегија“, па додава:
„А сега како Македончиња одете пак да му лајкате на онаа саудиска спонзоруша. Посебно да не ги пропуштите постовите за шамараните полицајци и за исмевањето на судската постапка за Монструм!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ефтов: Прво некој во 2015 ви остава бомби пред вратата, потоа ви остава договор за Северна Македонија
-
Ефтов: Во што е храброста да се смени името на една држава?
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Ефтов: Вчера вечер Христијан Мицкоски го прегази Зоран Заев!