| четврток, 6 декември 2018 |

Државниот врв на средба кај претседателот Иванов

 

водно

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски вечерва одржуваат средба на која, според најавите, треба да бидат информирани за актуелната безбедносна состојба во земјата.

На средбата, која ја свика претседателот Иванов, присуствуваат министрите за одбрана и за внатрешни работи Зоран Јолевски и Гордана Јанкуловска, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески.

Средбата на државниот врв откако поголема вооружена група од 40-тина лица ноќеска во 2 часот и 30 минути ја нападнаа карулата Гошинце во близина на границата на Македонија со Косово. Притоа биле заробени четворица полициски службеници кои биле дежурни во караулата. Министерството за внатрешни работи настанот го окарактеризира како терористички напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top