| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов свика состанок на државниот врв

иванов

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов свика состанок на кој надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и разузнавањето ќе го информираат државниот врв на Република Македонија за актуелните настани.
Состанокот, како што се наведува во соопштението, ќе се одржи вечерва во Кабинетот на Претседателот, по враќањето во државата на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски од Рим и на претседателот на Владата Никола Груевски од Брисел.
Терминот за одржување на состанокот дополнително ќе биде соопштен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top