| четврток, 6 декември 2018 |

Ангелов со неточна теза го затскрива сценариото на Заев?!

stojance-angelov_nm

Сосема тенденциозно, Стојанче Ангелов, лидерот на Достоинство, уште пред неколку недели пушти информација дека Владата подготвувала фингирани инциденти чија цел навидно била покривање на актуелните теми.

Ангелов тогаш рече дека добил информација дека им се „дадени 2 милиони евра на албански криминалци, кои не се од УЧК, за да извршат убиства и да направат тензии, да се направи злостор“. 

Тоа само ја потврдува координираноста на изведувањето на ваквото сценарио од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и првиот човек на Фондацијата на Сорос, Владимир Милчин, заедно со нивните партнери од опозицијата. Ангелов намерно ја пласираше оваа деизнформација за на тој начин да се обиде да ја дефокусира јавноста од тоа дека никој друг освен Заев и Сорос стојат зад ова срамно сценарио. Целта им беше да спинуваат и да затскријат дека тиего подготвувале ова што почнале да го прават.

Денеска се случи 2001 година во 2015 година. Обид да се протне истото сценарио од 2001 година. Овој пат Танушевци се пресели во Гошинце. 40униформирани лица со ознаки УЧК и вооружени упаднаа во полициската станица и заробија четворица полициски службеници. Ги ослободија половина час подоцна со порака дека сакаат своја територија. И по ова медиумите финасирани од СОРОС, контролирани од СДСМ веднаш пласираа информација – се случува она што Стојанче Ангелов веќе го најавил.fokus

Истиот тој Ангелов на крајот на март изјави дека е подготвен со УЧК и командантот Валтери од ветераните на УЧК да оди против власта. На овој начин, Ангелов тогаш потврди дека се основани написите во дел од медиумите во кои се наведуваше дека постои сценарио во кое Ангелов е подготвен заедно со Заев и со помош на радикални исламисти да предизвика обид за дестабилизација на Македонија, написи заради кои тој се закануваше со ликвидација на новинари за сега самиот да се демантира себеси со оваа јасна изјава за желба за сојузништво со УЧК.

Дали она што денеска се случи може да се поврзе со најавите на Ангелов?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top