| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ и СОРОС го повторуваат сценариото од 2001 година

 273781

Се остварува, условно кажано, она што месеци наназад го посочуваа и истакнуваа владата, медиумите, аналитичарите и експертите. Неколку пати се посочуваше дека се работи за добро осмислен обид за дестабилизација на Македонија со сесрдно логистичко учество на домашни елементи, пред сѐ олицетворени во лидерот на опозицијата Зоран Заев, раководството на СДСМ кое ја има истата цел како и самиот Заев, и предавничката Соросова фондација која неколку пати покажала и докажала дека работи против интересите на државата.

Некому му одговара тензија, конфликт, нарушени меѓуетнички односи. Таквото сценарио почнува да се остварува. Остварувањето на идејата за предизвикување сериозни тензии и конфликт во општеството, нарушување на меѓуетничките односи, дестабилизација на Македонија, денеска, почнува да ја добива својата финална фаза. Во липковско Гошинце четириесетина униформирани и вооружени лица со ознаки „УЧК“ упаднаа во караулата и заробија четворица полицајци, кои подоцна се ослободени. МВР оцени дека државните институции утринава биле цел на терористички напад. Преку преведувач, кој говорел лош македонски јазик, водачот на групата им се обратил на полицајците

„Ние сме од УЧК, ниту Ахмети ниту Груевски не може да ве спаси. Ние сакам наша држава и не сакаме никакви охридски договори. Повеќе никој не смее да дојде нагоре. Доколку вас или кој било друг фатиме повторно, сите ќе ве ликвидираме“.

На сцена стапи СДСМ со сценариото од 2001 година. Два месеци наводно Македонија ја тресат бомби произлезени од аферата „Прислушување“. Истото се случуваше и во 2001 година. Најпрвин има криминална операција за незаконско стекнување со приватни прислушувани разговори која е изведена на истиот начин и од истата тројка како и во 2001 година, Верушевски, Лазаревски и Костовски.

По ова следува незаконско објавување на истите тие креирани материјали од страна на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Во 2001 година тоа го правеше Бранко Црвенковски, кој постапи многу поумесно од неговиот наследник. Сега истиот тој Црвенковски, главниот спроведувач на сценариото од 2001 година, јавно ја искажа поддршката за она што го прави квинслингот Зоран Заев . Се предупредуваше уште пред три месеци, уште пред да почне објавувањето на телефонските разговори, се предупредуваше дека целта е да се проба да се ослаби способноста за одбрана и за безбедност. Заев тоа се обиде да го направи преку компромитирање на безбедносните служби, издавање чувствителни информации за оперативноста на службите и меѓународната соработка на македонската со странски сродни служби, издавање државни тајни, намалување на моралот на безбедносните сили, создавање подлога и повикување на конфликт, нарушување на имиџот на земјата, напади врз правосудните органи, и отворање простор за радикални сценарија, и сето тоа со креирани, лепени, прелепувани, монтирани материјали и контекст кој тој лично им го даваше, а не беше вистинит и реален контекст.

libertas

По сето тоа одработување, тоа што се случи во 2001 година во Танушевци, денеска се случува во Гошинце. Се почнува со специјална војна и хушкање базирано на тотално неточни и невистинити тези пласирани од медиумите на СДСМ и срамната Сосросова фондација, дека наводно власта се обидува нешто да фингира за да затскрие и потисне нешто друго. Сосема тенденциозно Стојанче Ангелов уште пред неколку недели пушти информација дека Владата подготвувала фингирани инциденти чијашто цел навидно била покривање на актуелните теми.fokus

Дали власта има никаква причина за да се однесува така? Владејачката партија е во голема политичка предност пред опозицијата. Програмата која владата ја понуди во предизборието се реализира, се спроведуваат нови проекти кои дополнително го зголемуваат тој политички капитал.

Од институциите велат дека, водејќи се од националниот, државниот и интересот на граѓаните, ќе се дејствува мудро, трезвено, со ладни глави, одговорно и посветено Но, и одлучно и решително на секое поле!!!

gero

Медиумите финансирани од Сорос прават пародии од инцидентот во липковско Гошевци, каде што беа киднапирани и малтретирани полициски службеници. Тие пласираат вести кои се измислени за да ја искриват сликата за она што се случува.

parodii

Но, дали истото сценарио може да помине двапати? Граѓаните го имаат добро прочитано сценариото на опозицијата, а исто сценарио двапати не бидува. Тие нема да дозволат да им се повтори она од 2001 година, особено не сега кога имаме економско придвижување, отворање нови фабрики, подобрување на можностите во секоја сфера и отворање нови работни места.

Кому му е потребна таква работа со дестабилизација? Веројатно на никого, освен на тесен круг на лица болни за власт. Или поточно на актуелниот лидер на опозицијата Зоран Заев, екслидерот Бранко  Црвенковски и на првиот човек на Сорос, Владимир Милчин! Тие неколку пати го добиваат одговорот од граѓаните. Доколку опозицијата продолжи со црните сценарија за дестабилизација на државата, ќе продолжи да добива исти одговори од граѓаните. Зашто народот е тој што победува. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top