| четврток, 6 декември 2018 |

Котевски: Државните институции утринава беа цел на терористички напад (видео)

Ivo kotevski press MVR (Custom)

Македонија, односно државните институции утринава (2.30 часот) биле цел на терористички напад, посочи помошник-министерот за внатрешни работи, Иво Котевски.

Тој додаде дека поголема група од 40 луѓе влегле во караулата „Гошинце“ на северната граница. Истите биле добро вооружени, говореле албански јазик и носеле ознаки на УЧК.

Маскираните и добро вооружени лица заробиле четворица дежурни полицајци кои ги разоружале, врзале, тепале и снимиле со камера.

– Преку преведувач, кој говорел лош македонски јазик, водачот на групата им се обратил на полицајците: „Ние сме од УЧК, ниту Ахмети ниту Груевски не може да ве спаси. Ние сакам наша држава и не сакаме никакви охридски договори. Повеќе никој не смее да дојде нагоре. Доколку вас или кој било друг фатиме повторно, сите ќе ве ликвидираме – истакна Котевски.

Терористите им дале половина час на заробоните полицајци за пеш да заминат од караулата, при тоа велејќи им дека ако тргнат порано или ако некој остане, ќе бидат ликвидирани.

Тие им ги зеле оружјето, мобилните телефони и радиоврските, а по поминувањето на дадениот рок еден од полицајците, кој не бил врзан, ги зел клучевите и ги ослободил остананатите колеги кои биле врзани со лисици, по што пеш се упатиле по патот. Додека оделе, слушнале долг рафален истрел од автоматско оружје.

Котевски истакна дека терористичката група, според првичните сознанија и оперативни информации, е од Косово како и дека полицијата презема дополнителни серозни мерки за расчистување на терористичкиот напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top