| четврток, 6 декември 2018 |

Германски десничари нападнаа азилантски центар

полиција3

Тројца мажи, кои според германската полиција се припадници на екстремно десничарска организација, нападнале центар за сместување на азиланти во Берлин.

Како што јавија германските медиуми, тројцата екстремисти ги нападнале чуварите на центарот во населбата Буха, при што извикувале пароли против странците.

При инциднетот полесно е повреден еден од чуварите, кој бил удрен со пивско шише по главата.

Центарот во Буха е втора институција за сместување азиланти и имигранти во Берлин. Берлинските власти најавија отворање на шест вакви центри во градот, што доведе до серија протести на неонацистите и десничарските популисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top