| четврток, 6 декември 2018 |

Вооружени лица ја зазеле полициската станица во липковско Гошинце?!

полиција

Пред малку се случил инцидент во полициската станица во село Гошинце, општина Липково. Според информациите, полициската станица била заземена од група вооружени насилници, кои, наводно, го зеле оружјето, а полицајците ги избркале.

Порталот МКД.мк неофицијално објави дека четириесетина вооружени лица од Косово утрово ја освоиле полициската станица во селото Гошинце, општина Липково, и заробиле четворица македонски полицајци.

Се очекува прес-конференција на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top