| четврток, 6 декември 2018 |

„The Judgement”-прогласен за најдобар филм на „SEE a Paris“, специјална награда за Раде Шербеџија

За најдобар филм на петтото јубилејно издание на Фестивалот на кинематографиите од Југо-Источна Европа „SEE a Paris” беше прогласен филмот „The Judgement”, на бугарскиот режисер Стефан Командарев.

Петтото јубилејно издание на Фестивалот на кинематографиите од Југо-Источна Европа “SEE a Paris”, по пет дневната интензивна филмска програма, пропратена со балетската изведба на претставата “14 часа” на Македонската Опера и Балет, изложба на Реџеп Вардар, литературен преформнанс, симпозиум и музички настани, се одвиваше од 12 до 16 Април 2015 на повеќе локации во Париз, како што се престижниот Théâtre Le Palace, INALCO, Centre du Monde, Aux Trois Maillets и L’Entrepot.

Според стручното жири предводено од големиот француски синеаст Yves Boisset, како него Претседател и членовите Зоран Живковиќ – Директор на Филмскиот фестивал во Херцег Нови, Хазис Вардар – Директор на Театарот Палас, продуцентот Саша Голдман и актерката Еменуела Галабру, за најдобри филмови од Југо-источна Европа во 2015 беа прогласени:

Најдобар филм: “The Judgement”, Режија: Стефан Командарев, Бугарија

Најдобар режисер: Стефан Командарев, за филмот “The Judgement”, Бугарија

Најдобсор сценарио: Анатол Дурбала за филмот “What a wonderful world”, Молдавија и Орхан Такеоглу за филмот “I loved you so much”, Турција

Најдобар актер: Асен Блатечки, за филмот “Le Judgement”, Бугарија

Најдобра актерка: Ана Софреновиќ, за филмот “The Kids from the Marx and Engels Street”, Црна Гора

Најдобар краток филм: “Balcony”, Режисер: Лендита Зекирај, Косово

Најдобар анимиран филм: “Seesaw”, Автор: Мина Цветиновиќ, Србија

Специјална награда SEE Културно наследство за филмот: “Perast”, Режија: Гран Бјелановиќ, Црна Гора.

see_a_paris1

За прв пат оваа година, овој фестивал ќе има и свое издание во Берлин во периодот од 10 до 13 Јуни 2015.

Фестивалот се реализираше со поддршка на Министерството за култура на Црна Гора, Агенцијата за филм на Македонија, Министерството за култура на Македонија и неколку македонски компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top