Младинската еколошка организација „Гоу грин“ (Go Green), во соработка со фондацијата „Конрад Аденауер Штифтунг“ организира младинска конференција на тема „Можности за млади луѓе во време на климатска промена и енергетска транзиција“.
Целта на конференцијата е да ја промовираат истоимената публикација и да ги информираат младите за енергетската транзиција во земјите од регионот и можностите за вработување и студирање на младите во овој сектор.
Конференцијата ќе се одржи на 22 април со почеток во 11.30 часот во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, каде што можат да присуствуваат сите студенти и средношколци на возраст од 15 до 22 години кои се заинтересирани да дознаат повеќе за вработувањето во областа на чиста енергијаи, кои сакаат да ги посетат работилниците на конференцијата и да се стекнат со вештини и со знаења.
На конференцијата свое обраќање ќе имаат амбасадорката на Република Франција, Лоренс Ауер, Даниела Поповска од „Конрад Аденауер Штифтунг“, Теодора Грнчароска-Обрадовиќ од Министерството за животна средина и просторно планирање, Јулијана Даскалов од „Гоу грин“ и Сашо Граматиков од Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.