| четврток, 6 декември 2018 |

Дехидриран возач е слично на пијан возач

вози

Благо дехидрираните возачи прават двојно повеќе грешки при возењето во однос на тие што внеле доволно течности, покажа едно британско истражување.

Внесување помалку течности во текот на возењето може да има ист ефект како управување со возило под дејство на алкохол, покажа истражувањето.

Научниците утврдиле дека испитаниците кои на секој час пиеле помалку од 25 милилитри вода направиле двојно повеќе грешки од оние кои пиеле двапати повеќе течности, односно тие сториле исто онолку грешки колку и лицата кои возеле под дејство на 0,8 промили алкохол.

– Сите го осудуваме возењето под дејство на алкохол, но обично не размислуваме за влијанието на другите работи на нашите возачки способности, а една од нив е дехидрација – изјави раководителот на истражувањето, Рон Моган од Универзигетот „Логборо“.

– Нашето истражување укажува на оваа досега неидентификувана опасност – додаде Mоган за британски „Телеграф“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top