Македонскиот пејач Димитар Андоновски се пожали дека вчера без причина бил приведен и малтретиран од полициски службеници, кои го застанале пред неговата зграда во Битола и физички и психички го малтретирале.
Како што вели, ова е вторпат како го приведуваат од битолската полиција како да е најголем криминалец.
– Да сум криминалец, да сум дилер на дрога, да сум човек што го прекршува законот, да сум најголем непријател на земјата, немаше да ги јадам шамарите по лице и клоците по половите органи на улица пред мојата зграда од господинот полицаец инспектор Ц… – пишува Андоновски.
Тој бил приведен поради наводно противење на полицијата откако, како што вели, бил изваден од неговиот автомобил како најголем криминалец.
– Противење е ако прашам што се случува и зошто добив шамар? – револтирано прашува пејачот.
Тој потсетува дека еднаш веќе бил приведен за немање лична карта.
– Јасно се искажаа останатите дека ова е одмазда заради мојата храброст што пишував првиот пат кога ме приведоа поради немање на личен документ, цитирам: До кога мислиш да се зае*аваш со полицијата? – пишува Димитар.
Тој упати прашање до „спроведителите на законот“.
– Што згрешив? Јавно прашувам. Убив човек? Украдов нешто? Повредив некого? Непријател сум на Битола и на Македонија? Штета што не можам и немав право да му извршам алкохолен тест на господинот Ц… за да ја докажам неговата пијана состојба, затоа што очигледно само тогаш добива сила да напаѓа луѓе. И тоа не на луѓе криминалци, туку на тие што ја градат културата на оваа земја – пишува Андоновски, потсетувајќи дека тој се занимава со музика, а не со криминал.
Тој јавно го поздравува полицаецот Ц. за шамарите и клоците што ги добил вечерта.
– Простено нека ти е, но не ти е заборавено, тоа да го знаеш. Тркалото се врти. Еден убав ден ќе нѐ спои патот пак. Праведен сум со главата горе, чист како солза, без никаква црна дамка на мене, реален сум и без влакна на јазикот и не молчам пред никого – порача тој.
Андоновски порачува дека тоа што уште еднаш бил приведен, не значи дека е и уплашен.
– Уште сто пати носете ме во станица без причина и пишувајте казни. Штета што немам редовна работа за да ви ги плаќам казните – вели тој.
Пејачот упатува и јавен повик до сите негови поддржувачи, сограѓани и пријатели да му помогнат да си ја плати казната.
– Донирајте на мојата сметка во НЛБ Тутунска банка 210501662398368. Секој колку може да донира и да помогне затоа што немам 600 евра да ја платам казната. Сѐ што имав вложив во музиката за Македонија, а за жал моментално едвај една просечна плата заработувам за да го поминам месецот – завршува Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре