| четврток, 6 декември 2018 |

Над 800 илјади Украинци избегале во соседни држави

Бројот на Украинците што од почетокот на конфликтот во Донбас избегале во соседни држави е повеќе од 800 илјади, јави ТАСС повикувајќи се на службата на ОН за координација на хуманитарна помош.

До 16 април молби за добивање азил или друг легален статуси во соседни држави поднеле 800.961 Украинци. Од нив, 660.000 се во Русија и 81.000 во Белорусија.

Истовремено бројот на Украинци кои бегаат од Донбас кон други региони во Украина до 15 април бил 1.228.000 луѓе. Според податоци на ОН, за една година во конфликтот во Украина загинале 6.116 луѓе и 15.500 се ранети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top