Како што се наближува летото, расте и притисокот дека што поскоро треба да се доведете во форма. За забрзување на метаболизмот постојат многу трикови, но овој е еден од најбрзите, лесен за подготовка и најевтина варијанта.
Потребно
2 лажички мед
1 лажичка цимет
250 мл (чаша) вода
Подготовка
– со врела вода прелијте го циметот и покријте ја шолјата
– кога е доволно оладена за консумирање, во водата додадете го медот
– пола од напитокот испијте го навечер, а останатата половина ставете ја во фрижидер
– испијте ја течноста наутро без загревање
Напомена
– напитокот мора да се пие на празен желудник
– не ставајте го медот кога водата е прежешка за да не ги уништи ензимите
– доколку правите поголема количина, секогаш внимавајте размерот на медот и на циметот да биде 2:1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.