| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица загинаа во силна бура која го зафати источниот брег на Австралија

stormaustr
Во силната бура, која го зафати источниот брег на Австралија, загинаа три лица од гратчето Дангог, кои не успеале да излезат од поплавените домови, соопшти полицијата.
Поради ветровите, кои достигнале брзина до 135 километри на час, 140.000 семејства останале без електрична енергија.

Најзагрозени се реонот на градот Сиднеј и крајбрежните градови северно од него. Има искорнати дрвја, превртени автомобили, прекинати далноводи и уништени покриви. Спасувачките служби добиле преку 4.000 повици за помош.

Во Сиднеј за 24 часа количеството врнежи достигнало рекорд за последните 13 години и многу улици биле поплавени. Поради невремето, затворени се повеќе училишта и не работат голем број продавници. Ветрот и дождот предизвикаа прекин на железничкиот сообраќај и на фериботите во Сиднеј и неговите предградија. Аеродромот засега работи без задоцнувања и одложени летови.

Се очекува бурата од утре да го намали интензитетот и да се придвижи кон север.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top