Висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Бугарија, предводена од Началникот на ГШ на ВС на Република Бугарија, вицеадмирал Румен Николов, од денеска е во посета на Македонија.
Делегацијата, која е во тридневна официјална посета на АРМ, ќе биде пречекана со високи воени почести од домаќинот, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.
Како што соопшти Министерството за одбрана, за време на престојот во ГШ на АРМ, адмиралот Николов ќе се сретне со министерот за одбрана, Зоран Јолевски, а во текот на денот е предвидено да биде примен и од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на АРМ и искуствата од учеството во меѓународните мисии за поддршка на мирот.
Во текот на посетата делегацијата од Бугарија ќе посети дел од командите и единиците на АРМ, каде ќе се запознае со нивната мисијата, задачи и обука, а ќе има можност да посети и дел од културно-историските споменици во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст