Зоран Заев бомбардира дека нуди слобода и демократија, правда, обвинува за криминал, а заборава дека народот го помни скандалот за „Глобал“ и неговата аболиција, изјави пратеникот Антонио Милошоски на трибината на ВМРО ДПМНЕ во Делчево која се одржа вечерва.
– Тоа што го прави опозицијата на чело со СДСМ и Зоран Заев, од денеска е со амин и на Бранко Црвенковски. Со тоа сакаат да докажат дека народот згрешил што ним не им ја дал довербата. Додека тие ја кодошат сопствената земја, соработуваат со странски служби и креираат судири по национална, верска и етничка поделба меѓу граѓаните, Груевски нуди инвестиции, нуди нови работни места, нуди субвенции за земјоделците, се ангажира за развојот на економијата – истакна Милошоски на трибината на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.