Најлошто што може да се случи, а тоа е целта на Зоран Заев е меѓумакедонски судир, сосед со сосед да се закрви и сето само поради тоа што Заев е исфрустриран долги години во опозиција, изјави аналитичарот Александар Пандов.
Во Крива Паланка вечерва се одржа трибината на ГДОМ. Пандов посочи дека луѓето знаат што се случува, дека Македонија е под напад на домашни предавници во соработка со странски служби, помогнати од соросовите медиуми.
– Факт е дека еден од осомничените дал изјава и истата ја потпишал дека по наредба на Верушевски за пари прислушкувале. Верушевски го правел тоа за странски служби наоѓајќи човек во ликот на Зоран Заев за да го објави во јавноста со цел да ги закрви Македонците – рече Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.