| четврток, 6 декември 2018 |

Американски падобранци почнаа со обука на украинската армија

20042015162433_Ukraine-US-2

Американски падобранци денеска почнаа со обука на украинските сили кои се борат против проруските сепаратисти на истокот од Украина, поради што руското Министерство за надворешни работи изрази сериозна загриженост.

Руското Министерство оцени дека оваа постапка им противречи на договорите од Минск за решавање на украинската криза.

Украинскиот претседател Петро Порошенко на дождливата церемонија во Јаворовскиот наставен центар во Лавовската област, ги поздрави американските војници од 173. воздухопловна-десантна бригада од базата во Италија.

– Сведоци сме и директни учесници во формирањето на новата украинска војска, која како Феникс се обновува по долго време – рече Порошенко пред собраните војници.

Украински официјални претставници наведоа дека околу 300 американски војници ќе обучуваат 900 припадници на Националната гарда на Украина, кои се распоредени на истокот од земјата, каде продолжија тешките судири со проруските сили и покрај договорениот прекин на огнот од февруари годинава.

Претставникот на руското Министерство, Александар Лукашевич, изрази сериозна загриженост заради веста за пристигнувањето на 290 војници од 173. воздухопловно-десантна бригада на САД на западот од Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top