| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 26 загинати при воздушен напад во Сана

Најмалку 26 цивили загинаа, а над 200 се повредени при воздушен напад на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз шиитските бунтовници Хути во Јемен.

Нападот бил врз воена база во главниот град на Јемен, Сана. Поголемиот број од жртвите загинале при делумното уривање на околните згради.

Локални жители изјавија дека десетици семејства го напуштаат југозападниот регион на Сана, Феџ Атан, каде што беше извршен воздушниот напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top