Во Националниот театар во Будимпешта, во рамките на второто издание на реномираниот театарски фестивал „Mитем“, учествуваат најголемите театри од Европа. Вечерва пред унгарската театарска јавност, Македонскиот народен театар ќе ја изведе „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, во режија на Дејан Пројковски, една од најкомплексните претстави од македонската театарска продукција на која ќе присуствува и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
Македонскиот народен театар е единствен учесник од Балканот на фестивалот, кој од 10 до 26 април се одржува во организација на Националниот театар од Будимпешта.
Во рамките на фестивалот, освен ансамблот на МНТ, настапуваат уште 20 реномирани театарски куќи од 13 држави од Европа, меѓу кои: „Бург театар“ од Австрија, Театарот на Еуџенио Барба „Один театар“ од Данска, „Талија“ од Хамбург, „Пиколо“ – Италија, „Московски уметнички театар“ – Русија, „Колектиф Караба“ – Франција, „Центар на современа уметност“ – Украина, Театро д’Еуропа / Театро ди Рома / Театри Унити ди Наполи – Италија, „Народен театар од Букурешт“, Романија, „Театро де ла Абадиа“ – Шпанија, Театар „Маска“ – Жешов, Полска и Театар „Види“ – Лозана, Швајцарија.
По претставите ќе следат симпозиуми и трибини на кои ќе се разговара за прашањата на културната политика, професионални прашања, како и дискусии за различните национални традицвлијаат на модерната театарска естетика.
Фестивалот нема натпреварувачки карактер. Неговата цел е развивање на долгорочни и креативни односи помеѓу театрите од Европа инспирирани од традицијата, а кои се стремат да бидат иновативни. Меѓународниот театарски фестивал го доби своето име по големиот унгарски писател Имре Мадах. Неговата најпозна драма „Трагедијата на човекот“ е преведена на речиси сите европски јазици и се смета за значајна драма во светски рамки којашто зборува за судбината на човештвото заедно со „Фауст“ од Гете и „Изгубениот рај“ од Милтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст