Ноќта сабота спрема недела, во 03,45 часот во Куманово на ул. „Ленинова“, од страна на полициски службеник било сопрено патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(29) од Куманово.
Од извршена контрола на возачот и возилото, поради сомнение дека управува возило под дејство на алкохол, над истиот било извршено алкотесирање, при што било констатирано 1.05 промили алкохол во крвта. Од страна на полицискиот службеник на возачот му било кажано дека ќе му биде изречена глоба, по што истиот се обидел да ги земе документите од полицискиот службеник и започнал да го навредува.
Б.И. е приведен во полициска станица и против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.