Невладини организации „Уметноста на Живеење“ – Македонија, СУНА (Skopje United Nations Association) од Скопје и „Арт Лајф“ упатија апел до граѓаните за заедничко исклучување на елекричните светилки еден час, утре, сабота, од 20.30 до 21.30 часот.
„Уште пред повеќе од шест години постои светска иницијатива „За спас на планетата Земја за еден час“ – EARTH DAY, во последната сабота на месец март, кога на светско ниво граѓаните, општините, владите, се организираат да дадат мал допринос за спас на планетата Земја, со заедничко исклучување на елекричните светилки во период од 1 час“, се наведува во соопштението.
Трите здруженија посочија дека заедно треба да се подигне свеста во нашата земја и ги повикаа граѓаните да бидат запознаени со овој глобален настан и да учествуваат масовно во него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.