| четврток, 6 декември 2018 |

Половина натпреварувачи испаѓаат во следната епизода

Синоќешната епизода на „Икс-фактор“ беше и последна од аудициите што се одржаа во Белград и на кои натпреварувачите за првпат се претставија пред четричленото жири и публиката.

Тие што со три или четири „да“ успеаја да поминат во понатамошниот круг, сега се соочуваат со нови елиминации. Следната фаза е регрутниот камп (boot camp), по која полиовина од натпреварувачите ќе заминат дома.

За разлика од лани, годинава има ново правило во оваа фаза од натрпеварувањето, која се вика „предизвикот на 6 столчиња“.

Во регрутниот камп натпреварувачите настапуваат пред жирито, но овој пат по групи. Во оваа фаза следи пресврт – динамиката на натпреварот се менува: судиите им стануваат ментори на натпреварувачите, така што на секој од членовите на жирито им е доделена по една категорија: момчиња до 27 години, девојки до 27 години, вокални групи и постари од 27 години. 

Потоа, секој член на жирито има задача да одбере само 6 од својата категорија, а возбудливо е тоа што никој не е безбеден до самиот крај од фазата, затоа што и тој што ќе седне на столчето, може уште веднаш да му отстапи своето место на следниот натпреварувач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top