| четврток, 6 декември 2018 |

Три дена фешта во новиот книжевен центар „Антолог“

antolog

На 20 април, понеделник, официјално ќе се отвори книжевниот центар „Антолог“, кој е замислен како изложбено-продажен салон во кој, освен книгите на „Антолог“, посетителите ќе може да присуствуваат и на различни настани од областа на културата и на уметноста.

Во чест на отворањето, „Антолог“ во првите три дена, 20-22 април (од понеделник-среда), ќе понуди попуст од 20-50 отсо на сите изданија, а првите сто купувачи ќе добијат и подарок. Меѓу другото, во текот на овие денови свои книги ќе потпишуваат писателите за деца и возрасни од повеќе генерации: Велко Неделковски, Александар Кујунџиски, Наум Попески, Сузана В. Спасовска, Душко Крстевски, Анета Попова, Ѓоко Здравески, Исток Улчар, Сузи Тенева, Гаврило Миловановиќ, Ацо Гогов, Сотир Ристо, Димитри Соле Љубин, Андреј Ал-Асади, Стефан Велковски, Живко Грозданоски, Борис Митковски и други, а преведувачките ќе го споделат своето лично искуство за книгите што ги преведувале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top