Во останатите предели во текот на целиот ден ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе достигнат до 11, односно до 20 степени.
Во Скопје ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 4 степени, а дневната до 17 степени.
По сончевиот понеделник, во вторник и среда нѐ очекува зголемување на облачноста. В среда постојат услови за локални врнежи од дожд. Минималната температура од 1 до 11 степени, а дневната до 8, односно до 18 степени.
В четврток постудено утро со утринска температура од -2 до 7 степени. Во текот на денот сончево и потопло со дневна температура која ќе се движи од 12 до 21 степен.
В петок умерено облачно со повремени сончеви периоди. Минималната температура ќе се движи од 0 до 9 степени, а максималната дневна ќе биде во пораст и ќе достигне до 14, односно до 23 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст