Успешно заврши Саемот на книгата во Велес, кој се организираше во рамките на турнејата на книгата „Да за книга“.
Клубот „Матица“ во соработка со театарот „Јордан Х.К. Џинот“, Библиотеката „Гоце Делчев“ и Општина Велес, пред граѓаните на Велес ја претстави својата богата продукција, а како што истакнуваат организаторите, велешани кажаа големо „да“ за книгата. Многубројни наслови од истакнати македонски и светски автори, со неколку промоции и спојот на книгата со театарот беше една голема новина и освежување во градот на културата за 2015 година.
По завршувањето на саемските активности, во рамките на договорот „од читателите – за читателите“, Клубот „Матица“ во Библиотеката „Гоце Делчев“ донираше повеќе од 200 наслови од својата најнова продукција.
Куманово е следниот град во кој ќе биде организиран саемскиот караван „Да за книга“ на Клуб Матица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст