Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно 24 сообраќајни незгоди.
Во петокот, на 17 април, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден сопатник, еден возач на мопед и еден возач на мотоцикл.
Во сабота, на 18 април, извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден возач на мопед.
Во недела, на 19 април, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.
Се случила и една железничка незгода со загинато лице во 22 часот и 37 минути на железничката пруга Скопје – Куманово во населбата Автокоманда на околу 50 метри од влезниот сигнал на железничката станица Скопје. Во незгодата учествувале меѓународен патнички воз и пешак, роден 1992 година. Од незгодата пешакот на самото место им подлегнал на повредите.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 48 возачи што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 22 возачи со возилото се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 42 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 47 возачи што не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, 35 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци, како и шест возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција се отстранети 91 возило што го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамки на акцијата „Недела за поголема безбедност на пешаците“ денеска ќе се одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни активности во ОУ „Марко Цепенков“, кое се наоѓа на територијата на општина Зелениково.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст