Американската католичка црква потрошила меѓу јуни 2013 и јуни 2014 година 120 милиони американски долари како обештетувања на жртвите на сексуалното злоставување и уште 30 милиони долари за програмите за борба против педофилијата, се наведува во годишниот извештај кој го нарачале бискупите. Во споменатиот 12-ти извештај се истакнува дека 120-те милиони долари се потрошени за отштети, за терапии на жртвите и адвокатски трошоци, додека 30-те милиони долари биле користени за превенција, се вели во соопштението на Конференцијата на американските бискупи.
Американската католичка црква секоја година објавува извештај за злоставувањата и напорите на црквата по избувнувањето на скандалот со свештениците педофили во САД во 2002 година, кога бостонскиот надбискуп призна дека го штител свештеникот одговорен за многубројни сексуални злоставувања на деца.
Во текот на периодот 2013/2014 година, биле примени 657 обвинувања за педофилија меѓу свештениците, од кои за 130 е утврдено дека се основани, 243 се истражуваат, а другите останале недокажани.
Триесет и седум случаи кои се пријавени на секуларните власти вклучуваат сега малолетни деца, од кои шест се потврдени, а другите се истражуваат или се без докази, се наведува уште во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


