| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнало девојче од Струга и маж од Скопје

Две лица, едниот на возраст од 45 години и едно малолетно девојче, се пријавени за исчезнати, соопшти МВР.

Имено, во саботата, во полициската станица Бит Пазар, С.С.(40) од Скопје, пријавил дека во четвртокот, околу 10 часот од дома во непознат правец се оддалечило лицето Н.С.(45) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Исто така, во саботата, во 17 часот во Струга, А.С.(38) од село Корошишта, струшко, пријавил дека во петокот, во 6.30 часот, од непознати причини од дома се оддалечила неговата малолетна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top