Италијанските спасувачки служби покренаа денеска голема спасувачко-пребарувачка операција крај брегот на Либија, откако во Средоземното Море се преврте брод со стотици мигранти, кои се обидувале илегално да стасаат до Италија.
Според италијанската агенција АНСА, на бродот имало околу 700 лица. Италијанската крајбрежна стража спасила 28 лица и ги извадила телата на 21 мигрант. Се стравува дека останатите се мртви.
Барбара Молинарио, портпарол на Високиот комесаријат на ОН за бегалци изјави дека операцијата на италијанската крајбрежна стража продолжува и оти бројот на жртвите е непознат.
– Јасно е дека станува збор за брод кој се превртел и оти има луѓе чија судбина е непозната, но се уште е многу рано за да се каже бројот на загинатите и преживеаните – рече таа.
Според весникот „Тајмс оф Малта“, инцидентот се случил околу полноќ, недалеку од либискиот брег, 120 милји јужно од италијанскиот остров Лампедуза.
Спасувачките тимови на Италија на тоа подрачје прогласија вонредна состојба.
Се верува дека бродот се превртел, кога повеќето мигранти преминале на една страна откако виделе дека им се приближува трговски брод.
Премиерот на Малта Џозеф Мускат рече дека ова е најстрашна трагедија во Европа од Втората светска војна што се однесува на губење невини жртви. Тој вели дека спасувачите се обидуваат да пронајдат преживеани меѓу безживотните тела во водата. Воедно, апелираше до Европската унија да реагира без одложување.
Пред неколку дена, уште еден брод потона, при што на патот од Либија до Италија загинаа најмалку 400 лица, главно малолетници, а 150 беа спасени
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти