Во Градскиот парк во Скопје, кај Школката, денеска со промотивен настан ќе биде одбележана Европската недела на имунизацијата.
Целта на настанот на кој ќе учествуваат деца од повеќе училишта и од хорот Златно славејче е да се подигне свеста на родителите и кај целото население дека вакцината штити од многу заразни болести, дека таа е право на секое дете, а родителите треба да го овозможат тоа право.
Неделата на имунизација, што ќе трае до 25 април, годинава се одвива под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај“.
Според Јованка Костовска од Министерството за здравство и претставниците на службите за имунизација, кои во петокот одржаа состанок во Скопје, просечниот опфат на имунизација во Македонија е 95 проценти.
Посочија дека вакцинацијата е една најисплатливите превентивни јавно здравствени мерки и наједноставен метод за заштита од одредени заразни заболувања, како и смрт од нив. Високиот опфат на имунизација, пак, гарантира стабилен епидемиолошки статус и колективен имунитет. Според надлежните, вакцините кои се користат во Македонија се квалитетни и безбедни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.