Француските царинарници запленија од еден едреник во Карипското Море 2,25 тони кокаин, што е нивна досега најголема заплена, соопштија синоќа француските власти.
Дрогата е пронајдена околу 200 километри од брегот на францускиот остров Мартеника, во брод кој „лажно пловел под американско знаме“.
На едреникот се уапсени три лица, се наведува во соопштението од француското Министерство за финансии
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.