Чешкиот вицепремиер и министер за финансии Андреј Бабиш побара извинување од американското списание Фореин полиси за наводни лажни факти во текст кој бил објавен. Бабиш, кој моментално е во САД, во спротивно најави дека правдата ќе ја бара по судски пат.
Текстот, за кој реагираше чешкиот министер е со наслов ,,Дури и Чесите имаат проблем со олигарсите” и во него Бабиш е посочен како можна закана за демократските институции во срцето на Европа. „Бабискони”, како што пренесува весникот, нарекувајќи го слично како италијанскиот милијардер и поранешен премиер, Силвио Берлускони, наводно, претставува „пресвртна точка” на чешката историја по падот на комунизмот.
– Тоа се еден куп на лаги и валкани трикови и ќе се судам доколку не се извинат, изјави Бабиш за чешките медиуми, додавајќи дека написот е излезен по нарачка од Чешка. Според министерот за финансии, Фореин полиси е „медиум кој има репутација за пишување по нарачка”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.