| четврток, 6 декември 2018 |

Исплатени над 100 милиони евра субвенции во Прилепско

zemjodelec

Овдека во Прилеп, земјоделците, а посебно тутунарите, знаат што знаши праазни зборови и лажни ветувања од времето кога беше СДСМ на власт, и знаат што е релна подршка од 1 евро по килограм тутун од ова време на ВМРО. Ги слушнаа и експертите на СДСМ како цинично не нарекуваат земјоделско конзервативнаа влада, беснизарадии нашата помош и подршка на сиромашниот земјоделец, затоа што тие не го правеа тоа, па сега се слути кога друг го прави. Знаат и лозарите и сточарите и сите други земјоделци, низ колку реки жедни помина со СДСМ, од една странаа, и каква подршка денес имаат од ВМРО.Вкупно над 25 милиони евра годишни субвенции. Во време на ВМРО-ДПМНЕ на ниво на општина исплатени се преку 100 милиони евра – посочи премиерот Никола Груевски на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Тој најави дека во месец мај ќе има објава на јавен оглас за доделување на државно земјоделско земјиште за закуп до 3 хектари за општините: Гази Баба, Кисела Вода, Битола, Ресен, Тетово, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Кочани, Свети Николе, Велес, Гевгелија и Прилеп. Само во Прилеп вкупно ќе бидат распределени околу 800 хектари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top