Гo ветивме влезот на светскиот гигант Филип Морис во Прилеп, а со тоа и стабилизација и долгорочен прогрес на тутунскиот комбинат во Прилеп. Се случи тоа. Така наскоро од октомври на Прилеп ќе почне да му се случува американскиот игант во автомобилската индустрија Гентерм кој со инвестиција од 20 милиони евра планира 2000 илјади врааботувања. Ќе биде сместен во слободната зона која влада ја гради и која од октомври ќе биде функционална. Исто како што на Кавадарци му се слуши Дракселмајер со 4800 вработувања, а беа планирани најмногу 4000, а веќе се најавени дополнителни 500во наредните месеци. Или пак Кофи каба, исто така кај Кавадарци, која дојде како сорботник на Дракселмајер – рече премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.
Тој најави нови инвестиции:
-Германската фирма АКОМПЛАСТ која отвора фабрика за производство на компоненти за автомобилската индустрија, технологија со импрегнирање (moulding) се работи за компанија која спроведува висока технологија, со почетна инвестиција од неколку милиони евра и 250 вработувања. Првите вработени ќе бидат пуштени овој месец (мисли Април/Мај) на доусовршување во матичната фирма во Германија.
– Инвестиција на италијанската компанија која ја носи како и претходната миистерот Бил Павлески се вика Bizzi&buzzi која одлучи да инвестира во Прилеп во производство на расветни тела, и која на самиот почеток ќе вработи 50 лица, а во период од 2 години ќе вработ над 100 лица. За компанијата се потребни млади кадри кои го познаваат англискиот јазик.
-Американската компанија за производство на етанол, кој самата објави планови за влез во Прилеп, сѐ уште работи на подготовка на предусловите за да ја пошне инвестицијата, која по реализацијата ќе ангажира околу 2000 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



