| четврток, 6 декември 2018 |

Ако некој му рече на Заев гладен ли си нешто да ти донесеме, тој одговара – абе на кого ти гладен

zaev_pekol_thumb_medium500_281

Го гледате ли како овој лик што на моменти мисли дека е месија како во контекст на оваа драмолетка што ја тераа со амнестијата му се пушти на Љубчо Георгиевски. А човеков побара јавно амнестија за Заев и за неговите соработници и ништо повеќе, но Заев дали не дочул, дали не доразбрал, зашто и тоа е можно, веднаш му се закани на Љубчо дека ќе објавел нешто и за него. Како демократ неверојатна работа. Значи сирот Љубчо сакајќи да му помогне веднаш си доби закана. Заканиве кај Заев некако инстинктивно му доаѓаат. Всушност како некој рефлекс. Па така некогаш ако некој му рече Зоран гладен ли си нешто да ти донесеме, овој веднаш рефлексно му одговара – абе на кого ти гладен……!?!?!? крв ќе падне ќе видиш ти убаво…е така тера овој човек. Ако не се согласуваш со него си се зезнал. Одма закана.А не капира при тоа, дека никој не му се плши – рече премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top