-На сиот труд, работа, посветеност, овие кои се синоним за неработење и лоповлук, на делење тендери по роднини и на страшно богатење и перење на пари преку кирии од рент на имот во кој живеат, и со други методи за кои веројатно и ќе се дознае појасно, сакаат на ваков подмолен начин, со како што и самите признаа, креирани, сечени материјали, преку невистини и лажни контексти во кои ги најавуваат своите прес-конференции, преку соработка со структури кои не и сакаат добро на Македонија, да ни наштетат лично и на нашиот кредибилитет и интегритет, мислејќи дека на таков начин ќе добијат поддршка од граѓаните – посочи премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешниот народен собир во Прилеп.
Тој се наврати на Старецот кој крај камин со куче до него отвораше книга и почнуваше да раскажува.
–Е тој раскажувач во случајов од струмичко Муртино си дава свој контекст на дополнително креирани и сецкани разговори и од време навреме ќе подвикне, ќе се закани, ќе каже дека е многу силен и не се плаши од ништо, а всушност длабоко во него се крие едно така уплашено човече што дури на тие што добро знаат да проценат личност односно да направат психолошка проценка, им е совршено јасно и многу лесно ќе го видат тоа. И колку повеќе се сили, толку повеќе е уплашен – додаде Груевски.
Според него стравот на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, се гледа во нејасниот поглед, во изнасилените и неприродни гестикулации, кои не му се својствени, во згрчената насмевка, демек се смешка.
–Треба да веруваме дека е лабав и опуштен, а не сфаќа дека делува како да лапнал лимон, со сето ова што го прави, тој е само еден уплашен човек, кој гледа дека не успеа во неговите намери и во реализација на нарачките на неговите сценаристи, на тие што му го смислија ова, зашто знаеме сите дека човекот е заложник и обична марионета – рече Груевски.
Тој се осврна и за, како што вели, неговата најблиска соработничка, која веќе неколку пати кажува пред различни соговорници дека овие им биле однапред подготвени материјали.
–Па ние тоа од старт го тврдевме. Најинтересно е што во сето ова нивно палење и ширење на агресија и закани, почнаа да раскажуваат кој каков тип на војска имал. Демек ако има судири по улици, тие биле спремни. И ни повеќе ни помалку си објавуваат во нивните медиуми, во тие што соросовата фондација им ги плаќа. И онака горди објавуваат кој каква војска имал, и демек биле многу силни, опасно ќе било. Бог да чува. Е само тоа може човек да го каже. Бог да чува – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



